Постигнат светски рекорд во пренос на податоци со оптички влакна

- Advertisement -

Истражувачи од Националниот институт за информациска и комуникациска технологија NICT од Јапонија, во соработка со Универзитетот за технологија во Ајндховен и Универзитетот Л’Акила, покажаа рекордна брзина во пренос на податоци од 22,9 петабити во секунда користејќи само едно оптичко влакно. Тоа е повеќе од дупло од претходниот светски рекорд од 10,66 петабити во секунда.

Во ова истражување истражувачите успеале да ги комбинираат најновите истражувачки технологии како што се Space Division Multiplexing (SDM) и Wavelength Division Multiplexing (WDM) за да го постават патот до идните оптички комуникациски мрежи со ултра голем капацитет.

- Advertisement -

Со користење на повеќепојасен компатибилен МIMO приемник по прв пат успешно споиле повеќепојасен WDM и повеќејадрен SDM. Користеле 293 канали со бранови должини во S појасот со 457 во C и L појасите. Тоа дава вкупно 750 WDM канали, кои покриваат фреквенциски појас од 18,8 THz. За модулација на сигналот користеле поларизациски мултиплексиран 256 QAM.Бројот на просторни канали во демонстрацијата на повеќепојасниот WDM пренос се зголемил за фактор 28,5.

Тоа е 1.000 пати повеќе отколку брзината на пренос на податоци во однос на моментално поставените комуникациски системи со оптички влакна. Иако неповрзаниот четиријадрен MCF е соодветен за рано прилагодување, во иднина ќе биде потребно понатамошно подобрување на телекомуникациската инфраструктура со користење на оптички влакна со ултра голем капацитет, каде што се очекува поголема побарувачка за промет на податоци за 3 реда големина.

- Advertisement -

Оваа студија ја покажува првата успешна комбинација на повеќепојасен WDM и SDM, кои користат повеќејадрено влакно, што е клучно за реализација на идните комуникациски мрежи од оптички влакна со ултра голем капацитет.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -