Јужна Кореја успешно тестираше вселенска ракета на цврсто гориво

- Advertisement -

Јужна Кореја вчера успешно изведе пробен лет со вселенска ракета на цврсто гориво, која носела сателит над морето на островот Џеџу, соопшти корејскот Министерство за одбрана.Ова е трет тест со ракета од овој тип, после тестовите во декември и март минатата година.

Лансирањето вклучува технологија развиена во државната Агенција за развој на одбраната и вселенска ракета и сателит, кои ги произведе јужнокорејската компанија Hanwha Systems.

- Advertisement -

Од Hanwha Systems изјавија дека сателитот, кој ќе се користи за цивилни цели, меѓу кои и следење на околината, успешно испратил сигнали до контролниот центар на Земјата.

Од Министерството, пак, рекоа дека ова лансирање е пресвртница. САД и нивните сојузници, пак, севернокорејското лансирање го осудија поради користење ракетна технологија која е спротивна на безбедносната резолуција на ОН.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -