Пуштен во употреба најголемиот фузиски реактор во светот

- Advertisement -

Јапонија неодамна го претстави најголемиот светски експериментален муклеарен фузиски реактор, JT-60SA, и со тоа го најави како потенцијално решение за глобалните енергетски потреби.

За разлика од конвенционалните методи на фисија, фузијата вклучува спојување на две атомски јадра со цел производство на повеќе енергија отколку што е вложено.

- Advertisement -

Реакторот е сместен во зграда висока шест ката во близина на Токио, а комората во JT-60SA ќе содржи плазма загреана на неверојатни 200 милиони степени Целзиусови.

Станува збор за реактор кој е плод на соработката меѓу Европската унија и Јапонија и кој претставува значаен чекор напред кон постигнување безбедна фузиска енергија со гооеми размери без кислород. Проектот JT-60SA настојува да ја искористи енергијата генерирана со спојување на јадра на водород и хелиум, на тој начин реплицирајќи го процесот кој се одвива во Сонцето.

- Advertisement -

На оваа иницијатива работат повеќе од 500 научници, инженери и компании ширум Европа и Јапонија. JT-60SA има за цел на човештвото да му го приближи создавањето фузиска енергија, потфат кој може да донесе револуција во целиот енергетски сектор.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -