Веганската исхрана може да го подобри здравјето на срцето за само 8 недели

- Advertisement -

Неодамнешна студија за ефектите на веганската исхрана врз здравјето, која вклучила близнаци, ги открива позитивните резултати за само осум недели. Студијата, во која учестувале 22 пара еднојајчани близнаци, ги поделила во две групи – едната се придржувала до растителна исхрана, а другата вклучувала умерена количина на месо.

Најголем дел од нас би имале корист од јадење повеќе растителна храна, вели Кристофер Гарднер, научник за исхрана при Универзитетот Стенфорд. Во текот на првите четири недели и двете групи следеле контролирана исхрана, а идните четири недели учесниците сами управувале со своите оброци, Резултатите од истражувањето се објавени во списанието JAMA Network Open.

- Advertisement -

Близнаците на растителна исхрана покажале значајно подобрување на кардиоваскуларниот систем, го намалила нивото на инсулин за 20% и го намалила холестеролот на липопротеини со ниска густина, кој има клучен придонес во кардиоваскуларните промени. Додека и двете групи покажале подобрено кардиоваскуларно здравје, од растителните производи имало најголема корист.

Истражувањето потврдило и помал пад на витаминот В12 меѓу учесниците, но го сметале за безначаен со оглед на краткото траење на истражувањето. И покрај скептицизмот и противењето на веганството, Гарднер ја нагласува важноста на нијансираниот пристап. Тој нагласува дека промовирањето на здравите навики наместо апсолутен премин на веганство може да биде поефикасно. Тој додава дека она што е побитно од строгото веганство е вклучување на повеќе продукти од растително потекло во схраната.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -