Alphabet го претстави Gemini, вештачка интелигенција за заклучување и разбирање информации

- Advertisement -

Како што и најавија од Alphabet, изминатите месеци го развиваа она што тврдат дека е нивниот најнапреден модел на вештачка интелигенција, наречен Gemini. Како што истакнаа на претставувањето на Gemini, овој модел е способен да обработи различни форми на информации како што се аудио, видео и текст, но може и да заклучува информации на софистициран начин и да ги рзбира истите.

Од Alphabet истакнаа дека Gemini моделите ќе бидат додадени на претходно претставениот модел на AI асистент Bard, a најавено е дека на почетокот на идната година треба да биде објавена понапредна верзија на Gemini токму преку Bard.

- Advertisement -

Имено, Alphabet разви три верзии на Gemini, од кои секоја има различни можности, но се наменети и за различни корисници. Најмоќната верзија наречена Gemini Ultra е дизајнирана за работа во дата центри, а најмалата е прилагодена за работа на мобилни уреди.

Gemini е најголемиот модел на вештачка интелигенција кој го развила единицата DeepMind AI на Googlе, но е нзачително поевтин од претходните поголеми модели. Оттаму велат дека и овој модел троши исклучителна компјутерска моќ додека учи, но дека Google работи на подобрување на секој процес.

- Advertisement -

Од природно разбирање на слики, звуци и видеа до математички операции, Gemini Ultra ги надминува моменталните резултати на 30 од вкупно 32 широко користени академски мерила кои се користат во истражување и развој на големи јазични модели. Со оценка 90,0%, Gemini Ultra е првиот модел кој ги надмина човечките експерти на MMLU (масовно разбирање јазици со повеќе задачи), кој користи комбинација од 57 предмети како што се: математика, физика, историја, право, медицина и етика за тестирање на знаењето и способноста за решавање проблеми.

Од Alphabet велат дека Bard уште од денес ќе почне да ја користи Gemini Pro верзијата за напредно размислување, планирање, разбирање итн. Ќе биде достапен на анаглиски јазик во над 170 земји и територии во светот, а во иднина планираат да го прошират на други модалитети и да поддржува нови јазици и локации.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -