Rolls-Royce развива мини нуклеарен реактор за бази на Месечината

- Advertisement -


Компанијата Rolls-Royce претстави концептуален модел на нуклеарниот реактор Space Micro-Reactor, кој во иднина би можел да ги напојува со енергија наслебите на површината на Месечината.

Овој технолошки прототип беше претставне на конференција одржана во Белфаст минатата недела. Некои региони на јужниот пол на Месечината се недопрени од Сонцето со милијарди години, па затоа имаат неверојатно сурови услови.

- Advertisement -

И покрај таквите предизвици, американската вселенска агенција НАСА овој регион го идентификуваше како главен кандидат за поставување на првите лунарни станици, а една голема причина за тоа е потенцијалот за огромни залихи на вода во деловите кои се постојано во сенка. Меѓутоа, на астронаутите ќе им биде потребно напојување со електрична енергија за да преживеат и да ги вршат своите операции блиску до Јужниот пол или на кој било друг дел од Месечината.

Поради недостиг на електрична енергија како постојан извор, постои голема потреба за нуклеарна електрана на Месечината за да може да се поддржува живот на површината.

- Advertisement -

„Иновативното истражување на Rolls-Royce би можело да ги постави темелите за постојано човечко присуство ан Месечината“ изјавија од Вселенската агенција на Велика Британија.

Технолошкиот гигант доби средства во висина од 2,9 милиони фунти од Вселенската агенција на Велика Британија во март годинава како поддршка за истражувањето на изводливоста на поставувањето нуклеарна енергија за идните лунарни станици.

- Advertisement -

Научниците и инженерите на Rolls-Royce моментално истражуваат начини за претворање на топлината која ја производува нуклеарниот реактор во енергија. Овој мал реактор не би имал проблеми поради отсуството на сончева светлина на Месечината, поради што би бил идеален за чивечка станица во темниот кратер на Јужниот пол на Месечината.

Реакторот е широк 40 и долг 120 инчи (1 метар х 3 метри) и ако се оди според планот, ќе бидат потребни околу шест години и неколку милиони долари за реакторот да се подготви за својот прв лет во вселената. Реакторот треба да произведува енергија користејќи нуклеарна фисија, а истиот механизам се користи и во нуклеарните електрани на Земјата.

За разлика од соларните панели, ваквите реактори може да бидат постојан извор на енергија и може да бидат стратешки позиционирани на лунарната површина.

(Klix.ba)

(фото: Rolls Royce)

Сподели!
- Advertisement -