Според истражувањето на Германското здружение за малопродажба (HDE) речиси 60% од повеќе од 350 анкетирани малопродажни компании изразиле незадоволство од најновиот тренд на продажба.
„Втората недела од адвент (еден месец пред католички Божиќ) беше значително послаба во малопродажниот сектор од првата недела на овој период. Многу трговци на мало сега ги полагаат своите надежи во последниот скок пред сезоната на празници“, рече извршниот директор на HDE, Стефан Гент во неделата. Слабите деловни перформанси се рефлектираат и со помалата посетеност во центрите на градовите.
Две третини од трговците на мало во центарот на градот пријавиле помалку клиенти од минатата година. HDE предвидува вкупна продажба од нешто повеќе од 120 милијарди евра (129 милијарди долари) за овогодинешниот божиќен бизнис во ноември и декември. Споредено со претходната година, тоа одговара на пораст на продажбата од 1,5%.