Радикален нов лек ќе го продолжи животот на големите раси кучиња

- Advertisement -

Нов лек кој моментално се развива во иднина ќе може да го продолжи животниот век на некои од големите раси кучиња.Лекот го развива компанијата за ветеринарна биотехнологија Loyal for Dogs и додека се уште треба да се спроведат клинички тестирања, од американската Агенција за храна и лекови изјавија дека првичните информации се доволни за да може да се оечкува разумна ефикасност.

„Денес гордо можам да објавам дека Loyal доби еден фид на прелиминарно формално одобрение за лекот кој треба да се развие и да го продолжува животниот век“ напиша извршниот директор на Loyal, Селин Халуа.

- Advertisement -

LOY-001 е името на првата верзија на лекот, кој ќе биде наманет за кучиња стари 7 или повеќе години, кои тежат најмалку 18 кг. Ќе биде во форма на инјекција која ќе му се дава на кучето на секои 3-6 месеци.

Истовремено научниците во Loyal работат на две други верзии, наречени LOY-002 и е да се земаат дневно во форма на таблети. LOY-003 е наменет за сите постари кучиња, освен за најмалите раси.

- Advertisement -

Сите верзии на лекот функционираат така што го инхибираат хормонот на раст, наречен IGF-1, кој исто така придонесува за стареење кај некои црви и глувците, иако нема јасни докази дека тој хормон го има истото дејство кај кучињата.

Малите раси како чивавата живеат просечно од 14 до 16 години, додека најголемите раси како големиот данец живеат во просек од 7 до 10 години. Поголемите раси на кучиња исто така имаат повисоки нивоа на IGF-1 – дури до 28 пати повисоко отколку кај помалите кучиња. Кај кучињата овој хормон го поттикнува растот,но како што стареат хормонот може да има сериозни негативни страни.

- Advertisement -

(Science Alert)

Сподели!
- Advertisement -