Кина ќе стане најголем светски пазар за воздухопловни услуги до 2042 година, а пазарот ќе вреди 54,1 милијарди долари, прогнозира Airbus China. Како што пренесува Sinhua, Кина треба да ја престигне Европа и Северна америка и да излезе на прво место на глобалниот пазар за авиоуслуги, затоа што се очекува дека флотата од комерцијални авиони во употтреба во земјата ќе порасне на 10.930 до 2042 година, се вели во прогнозата на Airbus за кинескиот пазар.
Кинеската индустрија за цивилно воздухопловство станува поефикасна и нејзиниот квалитет се подобрува. Тоа создава повеќе можности за пазарни услуги во три главни области: одржување, обуки и операции и подобрување на искуството на патниците, велат од Airbus China.
Според нивните прогнози, побарувачкатаво Кина за пилоти, техничари и членови на кабински екипаж ќе се зголеми повеќе од дупло – од 212.000 работни места во 2023 година на 561.000 во 2042 година.
(Beta)
(фото: Flickr)