Арктикот годинава го забележа најтоплото лето откако постои мерење

- Advertisement -

Извештајот на Американската државна агенција за клима NOAA во вторникот покажа дека Арктикот годинава го забележа најтоплото лето откога постои мерење. Регионот околу Северниот пол ги имаше највисоките летни температури, објавија научници на NOAA во својот годишен извештај и предупредија дека тоа е знак за забрзувањето на климатските промени.

Највисоката точка на ледената покривка на Гренланд се стопи по петти пат последниве 34 години, во текот на кои се собираа податоци, а површината со лед продолжи да се намалува.

- Advertisement -

Ако се гледа на ниво на цела година, 2023 година беше шестата најтопла година откако постои мерење, пренесува агенцијата dpa.

Истражувањето, кое во оваа форма беше објавено по 18. пат, го пдготвија 82 научници од 13 држави.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -