Ова е најдоброто место за живот во светот

- Advertisement -

Главмниот град на Австрија годинава повторно е прогласен за најдобро место за живот во светот. Според глобалното ранирање кое го направи консултантската компанија Mercer, Виена се наоѓа на прво место по единаесетти пати.

Второтo место му припадна на Цирих, додека на трето место е Оукленд на Нов Зеланд. На официјалната страница на консултантската компанија пишува дека Виена е позната по својата богата историја, импресивната архитектура и живата културна сцена, додека на своите жители им обезбедува висок животен стандард во различни сфери од животот.

- Advertisement -

Виена повторно е на врвот на листата пред се поради одличната архитектура, развиениот јавен превоз, водоснабдувањето и здравствената заштита, како и пошироките образовни понуди.,

Градоначлникот на Виена, Михаел Лудвиг, се радува на доделената титула. Работиме непрекинато со целосен ангажман за на жителите на Виена да им пружиме најдобар можен живот. Се разбира, убаво е да се види дека тие напори ги препознаат и други во меѓународни рамки. Нашата цел е постојано да го правиме тоа додека сме живи, вели тој.

- Advertisement -

Истражувањето за квалитетот на животот го направил консултантски тим од компанијата Mecer и го споредил со животот во 241 град во светот. За рангирањето користеле различни критериуми, меѓу кои: стандардот на здравјетоп, политичката стабилност, економската ситуација, образовниот систем, пазарот на недвижности и заштитата на природата.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -