Данска во 2025 година ќе воведе еколошки данок на авиобилетите, во просек од 13,5 евра до 2030 година, соопшти данската влада и се повика на европската одлука за воведување таков данок.
„Сообраќајниот сектор моментално поминува низ брза зелена транзиција, а овој договор се однесува и на авијацијата. Секогаш ќе биде можно да се патува со авион, но тоља мора да биде направено на еколошки начин“ вели министерот за сообраќај, Томас Даниелсен.
Данокот, кој ќе се применува на летовите кои тргнуваат од Данска, ќе изнесува 30 круни (4 евра) за кратките летови кога ќе биде воведена во 2025 година и постепено ќе се зголемува на 50 круни до 2030 година. Данокот ќе биде поголем за средни и долги релации и ќе изнесува и до 410 круни до 2030 година.
„Претпоставуваме дека низ годините ќе имаме заедничка регулатива во оваа област. Тоа би бил вистинскиот пат“ изјави министерот за клима и енергетика Ларс Агард.
Мерката треба да овозможи финансирање на инвестиции во корист на еколошката транзиција на домашниот воздушен сообраќај, како и зголемување на пензиите за оние со најниски примања. Даноците годишно треба да донесат околу 2 милијарди евра.
(Bizlife)
(фото: Flickr)