Европскиот парламент го поддржа формирањето на здравствена унија во која граѓаните своите здравствени картони можат едноставно да ги користат на просторот а цела Европска унија, а научниците ќе имаат пристап до податоци од сите земји членки.
Европскиот простор за здравствени податоци (EHDS), за кој дискутираа европратениците на пленарна седница во Стразбур, е првиот предлог за воспоставување заедничка база на податоци која ќе се занимава со предизвици специфични за здравјето и ќе биде составен дел од изградбата на Европската здравствена унија.
EHDS ќе создаде заеднички простор во кој физичките лица можат едноставно да ги контролираат своите електронски здравствени податоци. Исто така, ќе им овозможи на истражувачите, иноваторите и креаторите да ги користат овие електронски здравствени податоци на сигурен начин кој ја гарантира приватноста.
После гласањето во Европскиот парламент почнуваат преговори со државите членки во Советот на ЕУ.
„EHDS е чекор напред кон Европска здравствена унија, но со доволно осигурувачи кои гарантираат дека ќе се заштитат и националните надлежности и националната автономија во дефинирањето на здравствените политики“ велат европратениците.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Piqsels)