Пакистан користи вештачки дожд за борба против смогот

- Advertisement -


Пакистан користи вештачки дожд за борба против смогот. Во привот експеримент во оваа јужноазиска земја авиони со опрема за прскање на облаците летале над 10 делови од градот. Оваа земја честопати е рангирана како едно од најлошите емста во светот по загадувањето на воздухот.

Авионите биле подарок од Обединетите Арапкси Емирати. Тимови од оваа земја заедно со двата авиони искористиле околу 48 факели за создавање дожд. До наредната сабота тимот треба да знае каков ефект имал вештачкиот дожд.

- Advertisement -

ОАЕ се повеќе применуваат прскање на облаците, кое понекогаш се нарекува и вештачки дожд или сино небо, за да создадат дожд во сушните предели на земјата. Модификацијата на времето вклучува испуштање обична сол или мешавина од различни соли во облаците. Кристалите од солта поттикнуваат кондензација во форма на дожд.

Оваа пракса се применува во десетина земји, меѓу кои и САД, Кина и Индија, но за различни цели. Експертите велат дека дури и слабиот дожд е многу ефикасен за намалување на загадувањето.

- Advertisement -

Воздухот во Пакистан е многу позагаден последниве години затоа што мешавината од издувните гасови од дизел возилата, чадот од сезонските посеви и ниските температури се спојуваат во облаци смог.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -