ВИДЕО: Синџири за гуми кои се активираат со притискање копче

- Advertisement -

И покрај климатските промени и се потоплите зими, секоја година ширум светот поради снегот и мразот по патиштата се случуваат милиони сообраќајни незгоди. Една од причините за тие незгоди е и некористењето зимска опрема, како што се добри гуми за снег и синџири.

Бидејќи многу возачи немаат синџири за снег или не знаат како да ги постават синџирите на гумите, компаниите Hyundai и Kia развија нова технологија за гуми со интегрирани синџири за снег, кои се активираат со притискање на копче.

- Advertisement -

Новите гуми изгледаат како обичните гуми, но имаат легува за памтење на обликот и се поделени во неколку секции со отвори со кои се наоѓаат површини кои функционираат како синџири кога ќе се активираат. Тоа им овозможува од тие отвори со електричен сигнал да се активираат метални испакнатини кои ќе дејствуваат на снегот и на мразот како синџири и ќе овозможат безбедно возење.

Засега станува збор за концепт, но Hyundai и Kia се во фаза на патентирање на технологијата и сакаат да истражат дали има потенцијал во иднина да се најде во автомобилски гуми кои ќе може да се купат.

- Advertisement -

Како изгледа оваа иновативна технологја погледнете од видеото во прилог.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -