Кочани доби нов тренинг центар за PLC програмирање

- Advertisement -

Средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ го отвори новиот тренинг центар за PLC програмирање. Воспоставувањето на тренинг центарот е заедничка иницијатива на училиштето, „Амфенол Технолоџи Македонија“ и Активностите на УСАИД Партнерства за економски раст и Млади кои активно создаваат можности. Отворањето на
овој центар означува продолжување на долгогодишната соработка помеѓу УСАИД, приватниот сектор и образовните институции во насока на развој на работната сила и раст на продуктивноста на компаниите.

Тренинг центарот e опремен со најсовремените PLC (Програмабилни логички контролери) уреди од програмата на SIEMENS, најразлични видови сензори и целосна релејна и пневматска опрема. Покрај новата опрема, воспоставена е и нова електрична и пневматска инсталација и маси кои создаваат еден реален работен простор. Програмабилните логички контролери се базирани на микропроцесори кои се користат за автоматизација на скоро сите современи машини во индустријата.

- Advertisement -

Дополнително, во рамки на оваа иницијатива професори од училиштето и вработени од комапнијата учествуваа на обука за користење на оваа опрема во Тузла, Босна и Херцеговина и станаа сертифицирани Siemens PLC програмери. Оваа инвестиција ќе им овозможи на учениците да стекнат знаења и вештини од областа на PLC програмирањето, а по завршувањето на образованието и можност за вработување во
приватниот сектор. Од друга страна, приватниот сектор ќе добие веќе обучена, високо
квалификувана (дефицитарна) работна сила со што ќе се влијае кон зголемување на
продуктивноста во самите компании, но и место каде нивните вработени ќе можат да се доусовршат и стекнат нови знаења за PLC програмирање.

За време на отворањето директорот на канцеларијата на УСАИД за економски развој,
Кристофер Доџ, ја поздрави соработката помеѓу приватниот сектор и образовните институции и посочи дека УСАИД е нивен партнер на патот кон нивниот раст и развој. На учениците, кои веќе активно ја користеа набавената опрема, им порача дека тие се клучот за идниот развој на земјата, посакувајќи им многу успех во нивната понатамошна кариера.

- Advertisement -

Директорот на Амфенол, Сашко Наков, ја поздрави соработката со УСАИД и образовните институции, навестувајќи идни, заеднички и успешни проекти.

Новиот тренинг центар за PLC програмирање во Кочани е продолжување на долгогодишната соработка помеѓу нашата компанија ,,Амфенол Трехнолоџи Македонија”, средното стручно училиште ,,Гошо Викентиев” и УСАИД. Тренинг центарот е опремен со најсовремени PLC уреди и всушност е создаден еден
реален работен простор, во кој учениците водени од ментори ќе можат да стекнат знаења и вештини од областа на PLC програмирањето. За нас како компанија овој проект е важен од повеќе аспекти: во производството се користат програмабилни логички контролери кои служат за автоматизација на машините. Наши вработени учествуваа и на обука за користење на оваа програма заедно со професори од училиштето и станаа сертифицирани Siemens PLC програмери. Оваа инвестиција ќе им овозможи на учениците да стекнат знаења и вештини од областа на PLC, а од друга страна, приватниот сектор ќе добие обучена, високо квалификувана работна сила која е дефицитарна, а ќе влијае на зголемување на ефикасноста на компаниите. По завршувањето на образованието овие ученици ќе имаат и поголема можност за
вработување, што е уште една придобивка на целиот проект кој има позитивни ефекти од различни аспекти”
, рече тој.

- Advertisement -

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано над 840 милиони долари во земјава од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во
Северна Македонија, посетете ја нашата веб страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на YouTube, Твитер и Фејсбук.

Сподели!
- Advertisement -