Телескопот GUSTO на НАСА ќе мапира дел од Млечниот пат

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА се подготвува за почетокот на експериментот наречен GUSTO, што е кратенка за Galactic/Extragalactic ULDB Spectroscopic Terahertz Observatory, кој има за цел да направи 3Д мапа на дел од галаксијата Млечен пат.

Експериментот GUSTO се состои од телескопот кој ќе лебди на висина од 36,6км над Антарктик со помош на балон во период од 55 дена и ќе ги впива радибрановите со висока фреквенција кои продираат низ космичкиот меѓуѕвезден простор. Тоа е термин кој ги означува гасовите, прашината, радијацијата и другите материјали кои го сочинуваат просторот меѓу ѕвездите.

- Advertisement -

GUSTO ќе бара сигнали на јаглерод, кислород и азот во меѓуѕвездениот простор, а со тоа се навестува за тоа како се формираат ѕвездите и планетите, конкретно она што прави вселенските честички да се групираат и да формираат молекуларни облаци кои претходат на формирањето на ѕвездите.

Балонот ќе полета од антарктичката станица Мекмурдо најрано на 21 декември годинава. Мисијата ќе ја открие 3Д структурата на Магеловиот облак, џуџестите галаксии во близина на Млечниот пат, кој е видлив со голо око од делови од земјината јужна хемисфера. Телескопот ќе лета во атмосферскиот антициклон на Јужниот пол, кој ќе го води во кругови околу полот во текот на мисијата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -