Џеф Безос: Луѓето ќе одат на одмор на Земјата

- Advertisement -

Џеф Безос долго време сонуваше дека ќе полета во вселената, а неговиот Blue Origin минатата година успеа да реализира комерцијални летови до работ на вселената, на кои се најде и самиот Безос. Но, основачот на Amazon фрли око и малку подаалеку од границата меѓу земјината атмосфера инвселената. Во разговор со авторот на подкасти Алекс Фридман, Безос ја отфрли идејата за колинизација на други планети и даде свое видување на тоа како луѓето ќе ја освојуваат вселената.

„Би сакал да имаме трилион луѓе кои живеат во Сончевиот систем. Да имаме трилион луѓе, во кој било момент, би имале 1.000 луѓе како Моцарт и Ајнштајн. Единствениот начин да дојдеме до таа визија е поставување големи вселенски станици. Планетарните површини едноставно се премали“ вели Безос.

- Advertisement -

Неговата идеја е да се изградат огромни вселенски станици со користење суровини од Месечината и од астероиди. Тие вселенски станици потоа би биле дом на луѓето, а Земјата бби ја посетувале како дестинација за одмор.

Во неговата визија вселенските колонии би помогнале за одржување на популација која е 125 пати поголема од сегашната популација на Земјата. Безос вели дека луѓето ќе можат слободно да изберат дали сакаат да живеат во вселената или не, а тие што ќе се одлучат за колониите ќе можат да искористат многу повеќе енергиа и многу повеќе материјални ресурси во вселената отколку тие што ќе бидат на Земјата.

- Advertisement -

Иако неговата визија е доста интересна, Безос е свесен дека такво нешто нема да се живот.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -