Кои се македонските компании кои се закитија со наградата „Македонски Квалитет 2023“?

- Advertisement -

Десет компании кои според строгите критериуми се квалификуваа и ги исполнија овие услови преку нивните преставници денес го добија престижното Признание ,,Македонски квалитет 2023,, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори под покровителство на Претседателот на P.C.Maкедонија, г-дин Стево Пендаровски.

- Advertisement -

Свечениот настан се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“,
а признанијата ги доделија претседателот г-дин Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори г-дин Трајан Ангелоски. Во согласност со воспоставените критериуми, добитници на годинешните признанија за „Македонски квалитет 2023 “ се компаниите: ,,Виталиа Никола и др,, ,,Винарија Милев ,, ,, Бучен Козјак ДОО,, ,,Рикомак,, ,,Сигма СБ,, ,,Еуро Консaлт Плус,, ,,Кав Комерц,, ,,Агриа – Агроиндустриска Групација Велес,, ,,Центар за очи – Визиа,, и Билкилајф- центар за хербализам, туризам и одржлив развој.

,,Овие претпријатија не само што не отстапија од својата посветеност на квалитетот, туку креираа своја специфична препознатливост во својот сектор и допридонесоа и за повисок економски раст и промоција на нашата економија со нивната препознатливост да креираат квалитетни производи и услуги .Малите и средни претпријатија играат единствена, активна и круцијална улога во економскиот развој, иновациските процеси,
технолошките достигнувања и подобрувањето на целокупниот амбиент како и целокупното ниво на нашата економија. Тие на најдобар можен начин ја претставуваат енергијата на претприемачкиот дух и во суштина го стимулираат економскиот развој,
,истакна Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

- Advertisement -

Денес избраните компании докажаа дека можат зацртаните и поставените цели да ги реализираат ,се со цел на постигнување на мисијата, и со вградување на промени и дополнувања допринесоа во одредувањето на идните насоки на развој на бизнисот. Овој приоритет подразбира зголемување на продуктивноста,подигнување на конкурентноста на економијата, масивно вложување во иновациите и технолошкиот развој , за кои денес избраните издвоени компании се веќе препознатливи на пазарот.

Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година.

Сподели!
- Advertisement -