Паметните телефони, опремени со напредни камери, сега имаат многу повеќе од импресивни можности за фотографирање. Стартап компанијата MobilePhysics ја смени намената на сензорите за мерење на квалитетот на воздухот, нивото на чад и другите карактеристики на околината, со што на корисниците им овозможува бебедносни информации во реално време.
MobilePhysics технологијата за надзор на воздухот, Mobile Physics, ја вгради во чипсетот Snapdragon 8 Gen 3 на Qualcomm. Производителите на телефони така можат да ја интегрираат технологијата во своите уреди преку однапред инсталирана апликација и на корисниците да им овозможат активно да ја следат својата средина.
Роџер Кронберг, добитник на Нобелова награда и претседател на MobilePhysics, ја нагласува преданоста на компанијата таа технологија да ја направат широко достапнa. Технологијата на Mobile Physics пасивно ги мери загадувачите PM2,5, помали од 2,5 микрони, во текот на редовното користење на телефонот. Кронберг вели дека оваа технологија е многу битна за целата популација во светот затоа што 99% од луѓето дишат воздух кој негативно ги надминува стандардите на Светската здравствена организација.
Повеќе луѓе умираат од изложеност на лош воздух отколку која било друга причина за смрт, вели Кронберг. Технологијата, која работи дискретно, во позадина додека корисниците ги користат своите телефони, ги известува за опасните услови – од претераното изложување на сонце до лошиот квалитет на воздухот.
(CNET)
(фото: MobilePhysics)