АЛКАЛОИД АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2023 година

- Advertisement -

На церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година по избор на медиумите.

Признанието што го освојува АЛКАЛОИД по 11-ти пат во изминатите години ги потврдува највисоките стандарди на корпоративно управување во компанијата. Тоа е уште еден доказ за исклучителната посветеност на транспарентноста во работењето и за високиот квалитет на комуникацијата која ја одржува компанијата со сите засегнати страни (инвеститори, институции, медиуми и јавноста во целина).

- Advertisement -

Покрај ова, АЛКАЛОИД е добитник на уште една награда, и тоа за Акција на годината за 2023 година, во согласност со гласовите на пошироката јавност, врз основа на заедничката анкета на Берзата и на порталот „Фактор“.

Непоколебливата решителност за транспарентно работење се рефлектира и во сите позитивни перформанси на компанијата. Цврсто посветени на остварувањето на моделот за одржлив раст и развој на АЛКАЛОИД, притоа обезбедувајќи јасна предвидливост на очекувањата на пошироката заедница и на сите засегнати страни, овие принципи ќе останат во сржта на целокупното работење додека компанијата продолжува да ги зајакнува и да ги проширува овие аспекти во годините што следуваат.

Сподели!
- Advertisement -