Во Европа се наоѓаат 63 од 100-те најдобри туристички дестинации во светот, покажа ново рангирање.
Интернационалниот Индекс за туризам одбра 100 најдобри туристички дестинации за 2023 година, а при компаративната анализа се разгледани туристичките предности, одржливоста и економскиот развој на градовите ширум светот.
Објавен неделава, во резултатите од овогодишната анализа доминираат европски дестинации, а на прво место се наоѓа Париз.
На првите десет места на листата се наоѓаат Мадрид, Амстердам, Берлин, Рим, Барселона и Лондон во Велика Британија.
Градовите се рангирани според 55 метрики и шест главни категории како економски и бизнис развој, туристичка инфраструктура, туристички политики, здравствена помош и безбедност и одржливост.
Успехот на Европа е резултат на брзата урбанизација и технолошка вклученост во сите сектори. Со растот на вработени кои работат од дома, фактори кои се земаат предвид се и брзината на интернетот, услужливоста при сместување и удобни работни простори станаа важни фактори во 2023 година.
На листата се наоѓаат и градови кои не се наоѓаат во Европа, односно Дубаи, Токио и Њујорк. Единаесетти на листата е Сингапур, а по него следуваат Сеул, Осака, Хонг Конг и Лос Анџелес.
Извор- Радио МОФ
Фото – Flickr