НАСА тестира вселенска дигалка за на Месечината

- Advertisement -

Астронаути на НАСА учествуваа во неодамнешното тестирање на макета дигалка за вселенската ракета SpaceX Starship, која ќе се користи за мисиите Artemis III и IV на НАСА, кои имаат за цел да однесат луѓе на Месечината.

Starship ќе пренесе двајца астронаути од вселенското летало Orion во орбитата на Месечината на површината на овој наш природен сателит и ќе послужи како станица за отприлика една недела престој на членовите на екипажот на Месечината и потоа ќе ги префрли од површината назад на Orion.

- Advertisement -

Дигалката ќе превезува опрема и екипаж меѓу станбениот дел на Starship, кој се наоѓа блиску до врвот на лендерот, и површината на Месечината, додека излегува на Месечеви прошетки.

Тестирањето им овозможило на астронаутите интеракција со дизајнот на системот за дигалката и послужило како функционална демонстрација на хардверот и прилика за повратни информации од перспкетива на екипажот.

- Advertisement -

Дигалката е изградена во погонот на SpaceX во Хоторн, Калифорнија, и има дел како кошница во целосна големина со функционални механички склопови и интерфејс. Во текот на демонстрацијата астронаутите на НАСА носеле вселенски костуми кои ја симулираат големината на костумите и лимитираното движење со кои ќе се соочат на Месечината.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: SpaceX)

Сподели!
- Advertisement -