Многу истражувачи тврдат дека се наоѓаме среде шестото по ред масовно изумирање, кое не е предизвикано од астероид или нешто слично, туку од претеран раст и трансформативно однесување на една врста, а тоа е хомо сапиенс. Значи, луѓето се тие што ги уништуваат живеалиштата и кои предизвикуваат климатски промени.
И во масовното изумирање има победници и губитници, но претпоставката е дека луѓето не би биле победници, туку и тие не би преживеале. Коавторот на студијата, Херардо Цебалос, смета дека шестото масовно изумирање целата биосфера веројатно ќе ја трансформира во состојба во која нема да може да се живее, освен ако не се преземат драстични мерки.
„Биодиверзитетот ќе закрепне, но победниците многу тешко може да се предвидат. Многу губитници во претходните масовни изумирања биле неверојатно успешни врсти“ вели Цебалос.
Иако причините за претходните пет измуирања биле различни, разбирањето на она што се случило во текот на овие драматични поглавја во историјата на Земјата може да биде поучно.
„Никој не ги предвидел тие настани, но може да се повторат. Мора да учиме од минатото, затоа што тоа ни е единствената база на податоци“ вели професорот Мајкл Бентон од Универзитетот Бристол.
Како што објави CNN, се повеќе научници веруваат дека ова шесто масовно изумирање би било исто масовно како претходните пет. Птицата додо, тасманискио тигар, делфинот баиџи и кинескиот речен делфин се само некои од видовите кои досега исчезнаа во она што е познато како изумирање во холоценот или антропоценот, односно во последните 10.000 години.
Меѓутоа, на Националниот автономен универзитет во Мексико констатирале дека сега исчезнуваат цели сродни врсти, што негативно влијае на екосистемите и го загорзува опстанокот на луѓето. Нивното истражување опфатило 5.400 видови рбетници, меѓу кои не биле рибите. Утврдено е дека 73 сродни врсти изумреле во изминатите 500 години. Тоа е многу побрзо од очекуваното, односно од природното изумирање без надворешни влијанија. Претпоставка е дека природно таквоот измуирање би траело околу 18.000 години.
Причините за имузирање се различни – пренаменување на земјиштето, губење на живеалиштата, интензивно земјоделство, климатски промени итн. Сето тоа негативно влијае и на човештвото. Цебалос, пак, потсетува дека Земјата може да преживее и без луѓето.
(CNN)
(фото: Flickr)