Јапонци тестираат технологија за пренасочување астероиди од Земјата

- Advertisement -

Јапонската вселенска агенција JAXA е спремна да тргнат во амбициозна мисија во која ќе терстираат технологија способна да го промени курсот на малите и брзите астеороиди со цел да спречи потенцијални судири на Земјата. Затоа JAXA му даде нова цел на своето летало Hayabusa-2, кое беше лансирано во декември 2014 година, да пресретне два оддалечени астероиди и да собере вредни увиди во тоа кои механизми потребни да се смени тратекторијата на астероидите.

Леталото првично имало задача да го пресретне астероидот 162173 Ryugu и на својата дестинација стигнало во јуни 2018 година. Во наредните 18 месеци детално го истражувало метеорот, собрало примероци и ги испратило на Земјата во 2020 година. Научниците уште ги истражуваат и бараат траги за потеклото на вселената.

- Advertisement -

Откако ја завршило својата примарна мисија, инженерите на JAXA во декември 2020 година сооштија дека останало гориво за продолжување на мисијата на леталото. Новата мисија вклучува прелет на астероидите 2002 CC21 во јули 2026 година, а потоа средба со малиот астероид 1998 KY26, кој брзо менува патека, која ќе се случи во 2031 година.

Иако агенцијата не открива дали леталото Hayabusa-2 ќе се обиде да го смени курсот на овие астероиди, постојат тврдења дека тоа може да се случи затоа што се ближи до крајот на својот оперативен животен век.

- Advertisement -

Астероидот 1998 KY26 е речиси сферичен објект со пречник од 30 метри. Категоризиран е како брз ротирачки астероид поради својата ротација, која трае само 10 минути. Оваа брза ротација создава уникатна физичка средина близу до површината на астероидот со центрифугална сила која ја надминува гравитацијата на астероидот. И покрај предизвиците, JAXA планира Hayabusa-2 да стави надворешен маркер на астероидот, што ќе помогне да се разберат овие небесни тела.

Агенцијата го нагласува значењето на разбирањето на малите и брзи астероиди со оглед на нивниот потенцијал да се судрат со Земјата секои 100 до 1.000 години и да предизвикаат значителна штета. Опсервациите од Земјата се покажаа недоволни, така што деталните испитувања, како тие што се планирани за 1998 KY26 и 2002 CC21, се клучни за унапредување на планетарните одбранбени технологии.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -