Бугарската асоцијација на ПР агенции (БАПРА) минатата недела усвои етички правилник за употребата на вештачка интелигенција во односите со јавноста.
Правилникот е поделен на 10 точки кои ја нагласуваат транспарентноста во употребата на вештачката интелигенција. Тоа значи дека бугарските ПР професионалците ќе треба јасно да наведат што во нивните кампањи е создадено со помош на вештачката интелигенција.
Усвоените принципи исто така се осврнуваат на човечкото влијание во работата со вештачката интелигенција, потребата од дополнителна проверка на создадените содржини, како и почитувањето на авторските права.
Документот претставува адаптирана верзија на Варшавските принципи за употреба на вештачка интелигенција во односите со јавноста. Тие беа усвоени за време на годинешниот Глобален самит на Меѓународната организација за консултантски услуги во комуникациите (ICCO), во која членува и БАПРА. Усвоениот документ е достапен на следниот линк.
Извор – Маркетинг 365
Фото – Pixexid