Tinder воведува ексклузивно членство од 500 долари месечно

- Advertisement -

Апликацијата за онлајн запознавање Tinder стартуваше со новото ексклузивно членство, кое доаѓа со значителна месечна сума за тие што ќе се пријават и ќе добјат одобрение од апликацијата. Имено, за таквото членство се бара месечна претплата од 499 долари или за една година речиси 6.000 долари.

Од Tinder велат дека членството Select моментално има ограничена достапност и дека оваа опција не ја добиваат сите што ја користат апликацијата за запознавање. Тоа членство е достапно за помалку од 1% од корисниците за да се осигураат дека ќе се добие најексклузивно можно искуство. Tinder Select прв пат стана достапен преку апликацијата во септември годинава.

- Advertisement -

„Очекуваме дека почетната цена ќе биде значително повисока од моменталните понуди на Tinder со оглед на значителните поволности кои ќе ги добијат таквите членови и ограничената достапност“ изјавија од компанијата Match Group, која управува со апликацијата.

Tinder има три постоечки претплати – Tinder+, Tinder Gold и Tinder Platinum, кои имаат различни карактеристики и цени, плус новото ексклузивно членство. Корисниците на Tinder може да добијат пристап во Select кога Tinder ќе ги прегледа нивните пријави и ќе ги одобри.

- Advertisement -

Членството во Tinder Select има повеќе поволности, како на пример, тестирање нови опции пред сите други, приоритети за профили кои им се допаѓаат, можност за испраќање пораки во приемни сандачиња два пати неделно без да им се совпаѓаат профилите и користење на апликацијата без огласи.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Tinder Newsroom)

Сподели!
- Advertisement -