Македонските граѓани со песимизам гледаат на новата 2024 година. Само 20 проценти од граѓаните во земјава очекуваат 2024 година да биде подобра од 2023 – покажува традиционалното глобално истражување на Галуп Интернешенел „крај на годината“.
На прашањето околу економијата и економските движења нашите граѓани се уште попесимисти. Само 17% сметаат дека 2024 година ќе биде година на економски просперитет.
Во традиционалното глобално истражување на Галуп интернешенел „Крај на годината“, биле интервјуирани близу 41.000 лица во 41 земја. Во секоја земја, национално репрезентативен примерок е со околу 1000 мажи и жени кои се интервјуирани лице в лице, преку телефон или преку Интернет. Маргината на грешка за истражувањето е помеѓу + 3-5% на ниво на доверба од 95%.