Статистика бележи пад на индустриското производство

- Advertisement -

Индустриското производство во ноември 2023 година, во однос на ноември лани е помало за 2,3 %. Во периодот јануари – ноември годинава, пак, во споредба со истиот период во 2023, се бележи зголемување од 1,3 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2023 година,во однос на ноември 2022 година, бележи опаѓање од 8.3 %, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓањеод 2. 7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 9. 4 %.

- Advertisement -

Намалувањето во секторот Преработувачка индустријам според ДЗС, е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи одпластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани металнипроизводи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди,неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година,бележи пораст кај Енергија за 3. 9 %, Капитални производи за 6.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачказа 0. 6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9. 7 % и Трајни производи заширока потрошувачка за 22. 8 %.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -