Откриена уникатна алтернатива за лепенките со никотин

- Advertisement -

Кога некои луѓе ќе се одлучат да се откажат од пушење, многу често имаат симптоми како што се раздразливост, зголемена желба за јадење, тешкотија да се концентрираат и промени во расположение. Овие симптоми првично се последица ненадејниот пад на нивото на никотин во крвта.

За да се стопира тоа пушачите користат лепенки со никотин како заменска терапија, што им помага да престанат да пушат. Научниците тврдат дека откриле нешто што е поефективно од тие лепенки. Тие откриле дека цитизинот, кој се користи во Источна Европа уште од 1960-тите години, значително ја намалува веројатноста успешно да се прекине пушењето во споредба со плацебо.

- Advertisement -

Нивното истражување сугерира дека цитизинот може дури да има и подобри резултати од лепенките. Цитизинот се покажал како побезбедна варијанта без нуспојави. Истражувачите анализирале 12 различни студии. Во осум од тие студии тие правеле споредба на цитизинот и плацебото кај 5.922 пациенти. Од тие пациенти 2.996 земале цитизин.

Тие откриле дека пациентите што земале цитизин имале 2,25 пати поголема веројатност да се откажат од пушење во споредба со тие што земале плацебо. Исто така, откриле дека колку поголеа поддршка имаат луѓето times more likely to quit smoking compared to those who took placebo. They also found that the more support people got to change their behavior (like counseling), the better cytisine worked.

- Advertisement -

„Нашата студија е уште еден докз дека цитизинот е ефективно и евтино решение за откажување од пушење. Ширум светот пушењето се смета за една од главните причини за смрт која можела да се спречи. Цитизинот има потенцијал да биде големо решение на проблемот“ вели д-р Омар Де Санти, главен автор на студијата.

Цитизинот има растително потекло и ефективно ги олеснува симптомите кои се јавуваат кај пушчите кои се откажуваат од пушење. Првично бил развиен во Бугарија во 1964 година како лек „табекс“, а подоцна станал популарен во источноевропските и азиските земји, каде што се уште активно се рекламира.

- Advertisement -

Студијата е објавена во весникот Addiction.

(Interesting Engineering)

(фото: Freerangestock)

Сподели!
- Advertisement -