Стапија на сила новите тарифи за електрична енергија

- Advertisement -

Од денеска е на сила новата цена на струјата. Корисниците од првиот блок, кои имаат најмала потрошувачка, ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 5,16 проценти, цената за вториот блок и евтината тарифа останува иста, а поскапува струјата за корисниците од третиот и од четвртиот блок за 2,88, односно 1,86 насто.

Со новиот концепт, пристап кон мрежа, надоместокот од 200-те денари ќе го плаќаат сите корисници. Мрежарината се намалува за 23 проценти.

- Advertisement -

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Во моментите кога го имплементиравме надоместокот за пристап кон мрежа се водевме пред се на една од најбитните темелни вредности на нашиот Устав, тоа е социјалната правда. Со воведувањето на овој пристап кон мрежа овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти. Сето тоа ни овозможи да ги донесеме цените што ги објавивме, рече Бислимоски на прес-конференција, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓаните.

Сподели!
- Advertisement -