Американски тинејџер стана првиот човек што победи во играта „Тетрис”

- Advertisement -

Тринаесетгодишен тинејџер од Оклахома, САД, стана првиот човек што победи во класичната видеоигра на Нинтендо – „Тетрис“, 34 години по нејзиното објавување.

Тинејџерот Вилис Гибсон на својот канал на Јутјуб објави видео од моментот кога го достигнал нивото 157, што предизвика играта на падне, пренесува Би-би-си.

- Advertisement -

Популарната видеоигра во која играчите распоредуваат блокови кои паѓаат во совршени хоризонтални линии со сè поголема брзина, првично беше создадена во 1984 година од советскиот инженер Алексеј Пајитнов, а се здоби со популарност по нејзиното деби на „Нинтендо“ и рачната конзола „Нинтендо Гејмбој“ во 1989 година.

Денес, играта може да се игра на повеќе конзоли и платформи, како и на мобилни телефони.

- Advertisement -

На Гибсон му требале само 38 минути за да победи во „Тетрис“. На крајот од неговото играње, приказот на екранот паѓа, а блоковите престануваат да се спуштаат.

Во 2010 година, професионалниот гејмер Тор Акерлунд успеа да го достигне 30-тото ниво во „Тетрис“, користејќи техника наречена „хиперпритискање“ (hypertapping), при што играчот ги мрда своите прсти на начин што го движи контролорот побрзо од брзината во играта.

- Advertisement -

Ова доведе до тоа други гејмери да ги усвојат „хиперпритискањето“ за да видат колку далеку можат да стигнат, но од минатиот месец, само вештачката интелигенција можеше да го достигне финалниот приказ на играта.

Извор – Мета

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -