Еве кој наскоро може да стане највредна компанија во светот

- Advertisement -

Apple помина негативен период кој после проблемите со продажбата на нивните часовници, информациите за падот на поарувачката за iPhone и потенцијалната тужба поради монопол, резултираше со пад на цената на акциите, а со тоа и пад на пазарната вредност на компанијата. Таа вредност до неодамна изнесуваше над 3 трилиони долари, но по затворањето на берзата минатата недела сега изнесува 2,82 трилиони долари.

Иако и понатаму е огромна цифра, ако тој пад продолжи и понатаму, Apple наскоро би можел да ја изгуби титулата највредна компанија во светот според пазарната вредност, а нивната позиција би можел да ја преземе еден нивни стар конкурент. Имено, после затворањето на берзата во петокот пазарната вредност на Microsoft изнесуваше 2,73 трилион долари, што знач дека разликата меѓу овие две компании е помалку од 100 милијарди долари.

- Advertisement -

Интересно е тоа што првата недела од оваа година акциите на Microsoft ја завршија во минус, но тој минус сепак е помал од падот на акциите на Apple и изнесува нешто повеќе од 2%.

Исто така, различни се и очекувањата за идното движење на цената на акциите. Аналитичарите на Barclays предупреудваат дека ќе има послаба побарувачка за повече производи на Apple, но додека тој пад на побарувачката не е проблем кога се во прашање Mac и таблетите падот на продажбата на iPhone е сериозен проблем. Тоа особено е изразено на кинескиот пазар, а она што посебно го загрижува Apple е тоа што аналитичарите предвидуваат дека слабата побарувачка ќе продолжи и за моделите од серијата iPhone 16, која ќе стигне на пазарот во септември годинава.

- Advertisement -

(Neowin)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -