Во еден литар вода од пластично шише може да има до 240.000 честички микропластика

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Колумбија во Њујорк открија дека купеното пластично шише вода од еден литар може да содржи неверојатни 240.000 микроскопски пластични честички, што предизвикува огромна загриженост поради потенцијалните импликации по здравјето.

Причината за тоа загадување со пластика се различните човечки активности, вклучувајќи ја рибарската индустрија и отпадот од домаќинствата, што резултира со производство на милиони тони пластика годишно. Микропластиката, со големина од 1 до 5 микрометри, доминира со тоаа еколошка криза.

- Advertisement -

Беижан Јан, научник ос американскиот Универзитет Колумбија, забележал дека микропластиката може да функционира како преносител на загадувачи и патогени. Уште повеќе загрижува тоа што нанопластиката, со големина под 1 микрометар, има потенцијал да продира во слузницата на цревата, па дури и во крвно-мозочната бариера.

Овој научен тим осмислил иновативна техника за откривање на таа штетна нанопластика. Тие изложиле на ласери шест шишиња по еден литар од американски супермаркет, без да го откриваат брендот, и идентификувале просечно 240.000 пластични честички во секое шише, односно до 100 пати повеќе отколку што покажале претходни студии. Нанопластиката сочинува околу 90% од тие честички, а само 10% од таа нанопластика може да се иденфитикува.

- Advertisement -

Јан сугерира дека слични нивоа на нанопластика може да се присутни во пластичните шишиња со вода ширум светот, иако за тоа е потребно дополнително истражување. Целта на овие американски научници е да ја усовршат нивната техника за детекција на нанопластика.

(New Scientist)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -