Доктори од германскиот град Дрезден истражуваат нов пристап за радиотерапија за пациенти заболени од рак. Овој нов пристап е комбинација од различни техники.
Вчера беше тестиран прототипот, кој комбинира снимање на цело тело со магнетна резонанца во реално време и систем за протонско зрачење, при што сноп од протони се наосчува кон заболеното ткиво, пренесуваат германските медиуми.
Според германскиот Институт за радиоонкологија OncoRay, ова е првиот таков уред во светот. Пациентите со рак вообичаено се надгледуваат со магнетна резонанца во текот на радиотерапијата, а добиените слики овозможуваат подобро да се разликува здравото од заболеното ткиво отколку со други постапки. Со тоа е можно попрецизно да се одреди што треба да се направи.
Освен тоа, може да се препознаат промените во вид на формата и големината на туморот, кои може да се јават помеѓу две радитерапии. Прототипот сега може да истражи до која мера протонската терапија може да се подобри со снимање со магнетна резонанца.
Уредот моментално е позтавен во Медицинскиот центар при Универзитетот Дрезден.
(Zimo)
(фото: Pixabay)