Коперникус потврди: 2023 година и официјално е најтопла година во историјата

- Advertisement -

Изминатата 2023 година е натопла година досега, за што придонеоса и невидените глобални температури од јуни наваму, извести службата за климатски промени на ЕУ, Коперникус. Со тоа 2023 година ја надмина 2016 година, која досега беше забележана како најтопла година во историјата.

Температурите на воздухот минатата година соборија неколку светски рекорди, а најраните знаци колку ќе биде топла 2023 година се забележаа уште на почетокот на јуни, кога температурните аномалии во однос на прединдустриското ниво од 1850.-1900. години достигнаа 1,5 °C неколку дена по ред.

- Advertisement -

Иако тоа не е прв пат аномалиите да го достигнат тоа ниво, тоа никогаш не се случило во тој период од годината. Остатокот од 2023 година глобалните дневни температурни аномалии над 1,5 °C станаа редовна појава, па речиси 50% од деновите во 2023 година имаа температура повисока од 1,5 °C во однос на референтното ниво од 1850. до 1900. години.

Од Коперникус изјавија дека во 2023 година климатските рекорди се срушија како домино и дека температурите во 2023 година веројатно ги надминаа температурите во кој било друг период барем во последните 100.000 години.

- Advertisement -

Тоа не значи дека се надминале границите поставени со Парискиот климатски договор, затоа што за да се случи тоа денешните температури би требало да бидат поголеми од наведениот просек во континуитет од најмалку 20 години, но беше поставен страшен преседан.

Главниот долгорочен виновник за високите температури на океаните постојано е зголемената концентрација на стакленички гасови, а дополнителен виновник е и јужната осцилацја на Ел Нињо.

- Advertisement -

Во извештајот Коперникус наведува дека 2023 е најтопла календарска година според податоците за глобалната температура од 1850. години, дека имало просечна температура од 14,98 °C и дека е 1,48 °C потопла од прединдустриското ниво од 1850. до 1900. години.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -