Светскиот економски форум предвидува дезинформации, геополитички и климатски катастрофи во 2024

- Advertisement -

Наодите на извештајот за глобални ризици во 2024 година ги агрегира мислењата на речиси 1.500 експерти од бизнис и академскиот свет, како и од владите и граѓанските организации

Светскиот економски форум (СЕФ) денеска го објави својот годишен извештај за очекувани глобални ризици за годинава, како и за блиската иднина. Експертите предвидуваат кризи во однос на геополитички тензии, економска нееднаквост, климатски промени и дезинформациите.

- Advertisement -

Наодите на извештајот се добиени преку анкети со речиси 1.500 експерти од бизнис и академскиот свет, како и од владите и граѓанските организации.

Повеќе од половина од испитаниците очекуваат нестабилност и умерен ризик за глобални катастрофи во текот на следните две години, а речиси две третини од испитаниците очекуваат турбулентна нестабилност на глобално ниво. Газа и Судан се сметаат како места од особен ризик за нестабилност.

- Advertisement -

Дополнително, иако беа избегнати глобално дестабилизирачки последици од ковид кризата и од војната во Украина (засега), се смета дека овие кризи може да предизвикаат понатамошни глобални шокови во иднината.

Климатските промени се гледаат како вториот најголем ризик во следните две години. Помладите испитаници и претставниците од граѓанските организации почесто ги сместуваат климатските промени во ризици на кои треба да се внимава веднаш, во споредба со постарите испитаници и тие од приватниот сектор. Од СЕФ предвидуваат дека оваа неусогласеност ќе доведе до одолговлекување на носење на клучни одлуки.

- Advertisement -

Општествената поделба се гледа како проблем кој ќе биде истакнат од новите технологии, особено од содржините генерирани од вештачка интелигенција. Се очекува да се користат дезинформациите од политички актери за да се истакнат и продлабочат разликите меѓу луѓето.

„Како што поларизацијата расте и технолошките ризици не се испитуваат, „вистината“ како таква ќе падне под притисок“, стои во извештајот.

Се очекува дезинформациите да имаат особено влијание при изборите, а се очекува околу 3 милијарди луѓе да гласаат на избори во текот на следните две години, вклучувајќи во САД, Британија и Индија.

Целиот текст на Мета

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -