На CES 2024 претставен првиот проѕирен автомобилски екран со куќиште од Сваровски кристали

- Advertisement -

На годинашниот саем за потрошувачка електроника CES 2024, Swarovski Mobility претстави револуционерен екран Crystal Center Display и со тоа го означи првиот во светот целосно вграден автомобилски екран во кристално куќиште.

Добитникот на почесното признание CES 2024 Innovation Award за исклучителен дизајн на производот, овој авангарден 10-инчен екран ги редефинира луксузните ентериери на врвните возила.

- Advertisement -

Користејќи најсовремена microLED технологија, Crystal Center Display може да се пофали со неспоредлива светлина и контраст. MicroLED плочата, одговорна за генерирање на сликата, генијално е поставена во кристалното тело, давајќи полупроѕирна естетика без рамка, која ентериерот на возилата ги претвора во царство на минималистички луксуз. Сепак, нејасно е дали тој екран поддржува упртување со допир или не.

Crystal Center Display е резултат на комбинација од производни и процесни технологии кои заедно со Continental ги имплементиравме во иновативен нов елемент на дизајнот, кој е еднакво импресивен визуелно како што е и техички. На тој начин кристалот станува многу повеќе од самиот елемент на дизајн на ентериерот, велат од Swarovski Mobility.

- Advertisement -

Во соработка со Swarovski Mobility, интеграцијата на автомобилскиот екран и автентичниот кристал носат препознатлив изглед, постигнат со специјализирана техника на брусење. Уникатната проѕирност на кристалот ја открива централната конзола, а резултатот е визуелно впечатлив екран кој е беспрекорен спој на технологија и софистициран дизајн.

(The Drive/Continental)

- Advertisement -

(фото: CES)

Сподели!
- Advertisement -