Ова се најмоќните пасоши во светот

- Advertisement -

Најмоќните пасоши во светот во 2024 година се наоѓаат во рацете на жителите на шест земји, кои без виза можат да патуваат во 194 од 227 дестинации. Четири земји-членки на ЕУ сега ја делат круната со Сингапур и Јапонија, како пасоши број еден во тримесечниот Хенлиев индекс на пасоши. Тоа се Шпанија, Германија, Франција и Италија.

Двете азиски земји доминираа со индексот во последните пет години. Второто место го делат земји како Јужна Кореја, Финска и Шведска. Тие без виза можат да патуваат во 193 држави. На трето место се Данска, Ирска, Холандија и Австрија. Велика Британија скокна за две места нагоре до четврто место.

- Advertisement -

Австралија и Нов Зеланд се на шесто место, додека САД го задржуваат седмото место.

Глобалното рангирање на пасошите има 19-годишна традиција и се спровеудва на основа на одатоци кои ги обезбедува Меѓународната управа за воздупен сообраќај или IATA, која ги рангира светските пасоши врз база на бројот на дестинации во кои жителите можат да патуваат без претходна виза.

- Advertisement -

„Општиот прикажан тренд на ранг листата оди кон поголема слобода на патување, при што просечниот број на дестинации до кои патниците можат да пристапо без виза е речиси дуплиран од 58 во 2006 година на 111 во 2024 година“ велат од Henlei & Partners.

Највисоко рангираните пасоши овозможуваат патување до 166 повеќе дестинации без виза во споредба со Авганистан, кој има пристап до само 28 земји и е последен на ранг листата. ОАЕ направија најголем скок на индексот во последната деценија и скокна од 55. место во 2014 година на 11. место годинава.

- Advertisement -

Од земјите од регионот најдобро е рангирана Грција на 5. место со безвизен режим во 190 земји, Словенија е на 9. место со 186 земји, Бугарија и Хрватска на 13. место со 179 земји без виза, Србија на 37. место со безвизен режим со 138 земји, Македонија на 45. со 127 земји, Црна Гора на 46. место со 126 земји и БиХ на 50. место со безвизен режим со 121 земја.

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -