Светската елита се подготвува за економскиот форум во Давос – кој се ќе оди?

- Advertisement -

Светскиот економски форум, чиј домаќин е гратчето Давос во Швајцарија, годинава под името „Враќање на довербата“, ќе се одржи од 14 до 19 јануари. Настанот ќе се одржи во период на големи геополитички тензии и загриженост за глобалната трговија на Блискиот Исток. Во меѓувреме, инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација остануваат на дневен ред.

Можеби најголемите пилитички личности кои би требало да бидат присутни се кинескиот премиер Ли Чианг и францускиот претседател, Емануел Макрон, кои ќе имаат посебни обраќања.

- Advertisement -

Макрон е единствениот лидер на G7 кој ќе оди во ова швајцарско одморалиште, додека минатата година таму од алијансата беше само Германецот Олаф Шолц. Некои сугерираа дека политичарите се се повнимателни кога е во прашање присуството на овој настан среде финансиска криза и пролеми кои треба да ги решаваат дома.

Американскиот претседател нема присуствувано на форумот откако стана претседател, како и премиерот на Велика Британија, Риши Сунак. Но, годинава ќе има лидери и министри за финансии од други земји, како што се Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Синагапур и пошироко.

- Advertisement -

Од САД, меѓу тие што ќе одат во Давос се државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливен и специјалниот престедателски преатник за климата, Џон Кери.

Аргентинскиот претседател, Хавир Милеи, би можел да предизвика силни дискусии со своето обраќање затоа што овој десничар веќе предизвика протести во својата земја со својата шокантна економска политика. А од големите имиња од бизнис светот многумина ќе бидат заинтересирани да го слушнат Сем Алтман, генерален директор на СhatGPT OpenAI, кој би требало да зборува за безбедноста и довербата во технологијата, заедно со други панелисти, вклучувајќи ги министерот за финансии на Велика Британија, Џереми Хант и извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурло.

- Advertisement -

Како и вообичаено, ќе се појават врвни личности од глобалната економија – од извршниот директор на ММф, Кристалина Георгиева, до претседателот на Светска банка, Ајаи Банга и генералниот директор на Светската трговска организација, Нгози Оконџо Ивеала.

Исто така, ќе присуствуваат и шефови на меѓународни тела и групи, вклучувајќи го Антонио Гутјерес од ОН, Јенс Столтенберг од НАТО, Тедрос Адханом Гебрејезус од СЗО и Тирану Хасана од Human Rights Watch.

(Bizlife)

(фото: WEF)

Сподели!
- Advertisement -