Откриено колку социјалните мрежи заработуваат на малолетниците

- Advertisement -

Големите технолошки компании, особено социјалните мрежи често се на удар на критики поради својот однос кон малолетните корисници. Ги обвинуваат дека нивните алгоритми намерно намерно се направени за да одземат што повеќе време и внимание на корисниците и за тоа време им прикажувале реклами, а бројни се и обвиненијата за негативното влијание на социјалните мрежи како Instagram на менталното здравје на младите. Иако компаниите тврдат дека преземаат максимум за да ги заштитат своите корисници, тоа и понатаму не е доволно.

Малолетните корисници, вклучувајќи ги и помладите од 12 години, кои во теорија не би смееле да ги користат социјалните мрежи, се од голема важност за социјалните мрежи затоа што од нив заработуваат големи пари. А за какви бројки станува збор покажа истражувањето спроведено на Харвард, а кое ги опфатило Facebook, Instagram, TikTok, Snapchat, platformu X и YouTube и нивната работа минатата година во САД.

- Advertisement -

За да пресметаат колку заработуваат на малотници, научниците направиле симулациски модел во кој користеле податоци за бројот на малолетни корисници на тие платформи во САД, нивните приходи и времето кое го поминале секој ден на тие социјални мрежи.

Податоците кои ги добиле преку тој модел покажуваат како тие социјални мрежи само во САД од лицата помлади од 17 години оствариле приходи поголеми од 11 милијарди долари, од кои околу 20% од тие приходи (2,1 милијарди долари) остварени од корисници кои наполниле 12 години и помлади. Посебно се интересни, но и загрижувачки бројките за Snapchat, TikTok и YouTube, кои според предвидувања на научниците, остваруваат 30% до 40% од вкупните приходи од огласување токму од прикажување огласи на малолетници, додека по висината на приходите од малолетници доминантен е Instagram. Оваа социјална мрежа од корисниците помлади од 17 години заработуваат повеќе од 4 милијарди долари, што е повеќе од дупло во однос на YouTube и TikTok. Кога е YouTube во прашање, треба да се нагласи и дека овој видеосервис на Google најмногу од сите споменати платформи заработува од деца помлади од 12 години – речиси 1 милијарди долари.

- Advertisement -

(AP News) 

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -