ВИДЕО: Паметна куќна батерија која ви штеди пари

- Advertisement -

Американската компанија EcoFlow,која се занимава со изработка и продажба на енергетски решенија за паметни домови, на саемот CES 2024 ја претстави батеријата за цела куќа EcoFlow Delta Pro Ultra.

Уредот, кој го нарекуваат паметна хибридна батерија за цела куќа, може да црпи и да складира енергија од разни извори, како што се соларни ќелии со голема или мала моќност, од мрежа или дури од генератори на гас, како што можете да видите од видеото.

- Advertisement -

Delta Pro Ultra исто така ги ја зголемува количината расположлива енергија до 25 kWh, а ако имате подлабок џеб, ќе можете да го опремите и до батерии до 90 kWh, кои наводно би ви овозможиле доволно енергија за поголеми потреби во куќата за цел месец.

Оваа батерија ви овозможува да собирате енергија од максимално 42 соларни панели од 400 W одеднаш.

- Advertisement -

Покрај тоа, уредот има можност да повлекува енергија од мрежата кога трошоците за енергија се ниски и враќање во домашната мрежа кога трошоците се високи. Со тоа ќе заштедите пари и ако не користите извори на обновлива енергија.

Основниот батериски систем,кој вклучува инвертер и една батерија ќе чини 4.999 долари.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -