Oва се новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64во однос на одлуката од 9.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот зголемување за 1,583%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,420%  и кај мазутот зголемувањето е за 0,842%.

- Advertisement -

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,419%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,424 ден/кг и сега изнесува 41,941 ден/кг.

Од 16.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     76,50 (денари/литар)

Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                    78,50 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                           73,50 (денари/литар)

Масло за горење        Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                  73,50 (денари/литар)

Сподели!
- Advertisement -