Научници развија гориво за авиони од човечки измет

- Advertisement -

Научници од лабораторија во Глочестер успешно претворија човечки измет во авионско гориво, кое е слично на керозинот, пренесува BBC. Извршниот директор на компанијата Firerfly Green Fuels, Џејмс Хајгејт, вели дека сакале да пронајдат многу распространета, а евтина суровина: „Се разбира, измет има колку сакате“. *

Тестовите кои ги направиле меѓународни независни регулатори утврдија дека новото гориво е многу слично на конвенционалното гориво за авиони. Firefly соработувал со Универзитетот Кранфилд за да го проценат загадувањето од горивото. Откриле дека новото гориво има 90% помал карбонски отпечаток отколку вообичаеното авионско гориво.

- Advertisement -

Хајгејт две децении го развивал горивото со низок удел на јаглерод. Тој објаснува дека иако новото гориво има хемиски сличности со фосилните горива како керозин, тоа главно се разликува по тоа што нема фосилно потекло.

„Се разбира, би се користела енергија во производството, но загадувањето од него би било 90% помало, што е неверојатно” вели Хајгејт.

- Advertisement -

Вкупно авијацијата е одговорна за околу 2% од глобалната емисија на стакленички гасови. Иако овој процент не е голем, тој постојано се зголемува. И покрај тоа што постојат напори во развојот на електрични авиони, засега се многу ограничени. Дури и кога би дошло до некакво револуционерно откритие, префрлањето на целата авиоиндустрија кон новата технологија би траело со децении.

(021)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -