Атомска батерија која 50 години работи без полнење

- Advertisement -

Кинеската компанија Betavolt тврди дека произведуваат атомски батерии за цивилна употреба, кои можат стабилни и автономно да произведуваат електрична енергија 50 години без потреба за полнење и одржување.

Според наводите на компанијата, батериите сега се во пилот фаза и ќе бидат пуштени во масовно производство на пазарот уште оваа година, аќе можат да ги задоволат потребите за долготрајно полнење во повеќе области, меѓу кои воздухопловството, опремата за AI, медицинската опрема, малите дронови, MEMS системите, напредните сензори и микро роботите.

- Advertisement -

Кинеските експерти велат дека овој производ е комбинација на технологија за распаѓање на нуклеарниот изотоп никел-63 и првиот кинески дијамантски полупроводник за успешна реализација на минијатурниот дизајн на батеријата.

Нуклеарните батерии на Betavolt имаат целосно нов технолошки пристап и генерираат струја преку полупроводнички премина бета честички. За да го постигнат тоа научниците од Betavolt направиле единствен монокристален дијамантски полупроводник со дебелина од само 10 микрони.

- Advertisement -

Енергијата од распаѓањето на радиоактивниот извор се претвора во електрична енергија. Од Betavolt велат дека првиот производ кој ќе го лансираат е првата светска нуклеарна батерија која ќе се произведува масовно –  BV100.

Од Betavolt додаваат дека нивните атомски батерии овозможуваат мобилниот телефон никогаш да не мора да го полните, а дроновите кои денес летаат само по 15 минути, сега ќе можат да летаат непрекинато.

Густината на новата батерија е 10 пати поголема од литиум јонските батерии. Моментално Betavolt регистрираше патент во Пекинг и ќе почне да регистрира глобални PCT патенти.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -