Петте најбогати луѓе во светот го дуплирале своето богатство од 2020 година досега – од 405 милијарди на 869 милијарди долари, додека 60% од светската популација, односно речиси 5 милијарди луѓе уште повеќе осиромашиле. Разликата меѓу богатите и сиромашните веројатно уште повеќе ќе се зголеми, покажуваат најновите извештајот на хуманитраната организација Oxfam, пренесува весникот The Guardian. Истовремено, предупредуваат дека ако продолжат ваквите трендови, сиромаштијата во светот нема да биде искоренета барем уште 229 години.
Нагласувајќи го драматичното зголемување на нееднаквоста од пандемијата на КОВИД-19, Oхfam наведува дека светските милијардери се побогати за 3,3 трилиони долари во споредба со 2020 година, а нивното богатство пораснало трипати побрзо од стапката на инфлација.
Извештајот открива дека седум од топ 10 најголеми корпорации во светот имаат милијардери како извршен директор или главен акционер, и поркај стагнацијата на животниот стандард за милиони работници ширум светот. Имено, во 52 земји ширум светот се намалиле просечните плати на над 800 милиони работници. Тие заедно изгубиле 1,5 трилиони долари во последните две години.
Богатството на петте најбогати луѓе во светот – Илон Мас, Бернар Арно, Џеф Безос, Лери Елисон и Марк Цукерберг – се зголемило за 464 милијарди долари или за 114%. Во истиот период вкупното богатство на најсиромашните 4,77 милијарди луѓе, кои сочинуваат 60% од светската популацја, се намалило за 0,2%.
Се проценува дека 148 најголеми корпорации во светот заедно заработиле 1,8 милијарди долари чист профит во периодот до јуни 2023 година, што е скок од 52% во однос на просечниот нето профит во периодот од 2018 до 2021 година.
(Oxfam)