Кинески научници успешно клонираа мајмун

- Advertisement -

Кинески научници успешно го клонираа првиот резус мајмун, вид кој често се користи при медицински истражувања затоа што нивната физиологија е слична со таа на луѓето, пренесува BBC.

Научниците велат дека клонираните мајмуни би можеле да го забрзаат тестирањето на лекови затоа што генетски идентичните животни даваат споредливи резултати, што ја зголемува прецизноста на тестирањата.

- Advertisement -

Досегашните обиди за клонирање на резус мајмунот не даваа потомци или клонираните примероци би угинале за само неколку часа. Британска организација за заштита на добросостојбата на животните изрази голема загриженост поради ова достигнување.

Половото размножување на цицачите дава потомство со мешање на гените на таткото и мајката, додека со клонирањето се добива генетски идентична копија на едно животно. Најпознатото клонирано животно во светот, овцата Доли, е создадена во 1996 година.

- Advertisement -

Но, проблемот со клонирањето е тоа што во случајот со најголем број од цицачите, само 1% до 3% од клонираните потомци се здрави, а тоа се покажало уште потешко во случајот со резус мајмуните.

Кинеските научници откриле дека кај неуспешните обиди за клонирање на плацентата, која на фетусот му дава кислород и хранливи материи, не биле правилно репрограмирани, па не се развиле нормално.

- Advertisement -

Овој пат тие успеаја да го решат тој проблем. Употребиле 113 ембриони, од кои 11 биле имплантирани и добиле две бремености и еден живо потомок. Го нарекле ReTro, по користената научна метода за замена на трофобласти.

Д-р Фалонг од Универзитетот на Кинеската академија на науки изјави за BBC News дека сите се пресреќни со успешниот резултат. Но, портпаролот на британското Кралско здружение за превенција на суровоста кон животните изјави дека тие мсетаат дека страдањето на животните притоа е поголемо од потенцијалните бенефити за човештвото.

Резус мајмуните живеат во дивината во Азија – Авганистан, Индија, Тајланд, Виетнам и во Кина.

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -