Братислава планира да ги рециклира отпушоците од цигари и да ги користи за производство на автопатишта. Словачка е пионер на полето рециклирање на отпушоци, а јавното претпријатие за управување со отпад Odvoz a Likvidacia Odpadu (OLO) соопшти дека од годинаva ќе постави специјално дизајнирани контејнери за отпушоци од цигари на сите јавни настани.
Во соработка со Градското собрание на Братислава и компаниите SPAK-EKO и EcoButt, OLO ќе помогне отпадниот материјал да се претвори во асфалт за патишта.
„Ако посетителите на фестивали, трки, пазари или некој друг урбан настан фрлат отпушоци од цигари во посебен контејнер, тие ќе придонесат не само за почиста животна средина, туку и за материјално опоравување на овој вид на отпад“ велат од OLO.
Во заедничкот проект ќе бидат користени филтри за цигари направени во специјални влакна, кои потоа ќе може да станат додаток за правење асфалт за употреба на патишта. Во текот на градските божиќни пазари биле тестирани специјалните контејнери, кои се дизајнирани да ги собираат стандардните филтри за класичните цигари како и од електричните.
Властите се надеваат дека ова ќе придонесе за почисти улици и за практична повторна употреба на отпадот. Иако Братислава се надева дека ќе го зголеми рециклирањето цигари во 2024 година со оваа нова шема, тоа нема да биде прв пат филтри да се користат за правење патишта.
Во Словачка веќе постои пат кој го направи EcoButt користејќи фрлени цигари. Тој се наоѓа во централниот регион на земјата и наводно е прв од тој тип во светот.
Искористените цигари кои се фрлаат на земја се проблематични за животната средина затоа што испуштаат токсични материи кои можат, пред се, да ги загадат водата и земјиштето. Се проценува дека само 1/3 од отпушоците од цигари од 18 милијарди цигари ширум светот секој ден завршуваат во корпа за ѓубре или рециклирање.
(N1)
(фото: Pxhere)