Louis Vuitton го отвора својот прв луксузен хотел во светот

- Advertisement -

Познатиот луксузен бренд Louis Vuitton ги најави своите планови за отворање на својот прв хотел и со тоа ќе се означи ширењето во угостителскиот сектор. Хотелот, кој е планиран да се отвори во 2026 година, ќе се наоѓа во Париз, покрај оригиналната продавница на Louis Vuitton на Елисејските полиња.

Глобално познат по својата врвна мода и исклучителната кожна галантерија, подемот на Louis Vuitton во угостителската индустрија е сведоштво за постојаната посветеност на проширувањето на понудата на животен стил и зацврстување на пазарот за луксуз.

- Advertisement -

Се очекува дека хотелот ќе биде олицетворение на елеганцијата и софистицираноста на брендот, а на гостите ќе им нуди уникатвно луксузно искуство, беспрекорно проткаено со богатото наследство на моданата куќа.

Хотелот, кој е проектиран на речиси 6.000 квадратни метри, ќе биде сместен покрај најголемата Louis Vuitton продавница во светот. Дизајниран е да личи на чиновска чанта или куфер на Vuitton, украсен со огромни копчиња и познатиот мотив на монограмот.

- Advertisement -

Овоој проект е првиот таков во историјата на Louis Vuitton и ја означува амбицијата на брендот да ги диверзифицира своите активности надвор од модата.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -