Јапонија стана петтата земја во светот која успешно слета вселенско летало на Месечината откако паметниот робот за истражување на вселената SLIM меко слета на површината на Месечината, соопшти јапонската вселенска агенција JAXA.
Од агенцијата оваа мисија ја опишуваат како голема пресвртница и голем чекор напред за идните истражувања на вселената.
Мекото слетување на Месечината значи контролирано спуштање на вселенско летало, а притоа да не дојде до значителна штета на леталото и/ или на неговите инструменти.
Наречен Месечев снајпер, SLIM се обиде да слета само 100 метри од даденото место, за разлика од конвенционалната прецизност, која знае да се протега на неколку километри.
JAXA соопшти дека SLIM слета на земјиниот сателит вчера околу 12:20 часот по јапонско време и била воспоставена комуникација. Со тоа засега е исполнета минималното ниво на успех на мисијата. Но, научниците велат дека соларните генератори не работат, па леталото се потпира исклучиво батерии, кои ќе ги истроши.
Од агенцијата додаваат дека оваа технологија на слетување ќе стане моќна алатка за идните истражувања на половите на Месечината, за кои се верува дека се потенцијален извор на кислород, гориво и вода, кои се неопходни услови за поддржување живот.
До денес само четири земји успеале да спуштат вселенско летало на Месечината: САД, поранешниот СССР, Кина и Индија.
(Zimo)